Blog Sample Image

Канцер - непријателот на денешницата

Неоплазмата е класа на заболувања карактеризирана со клеточен неконтролиран раст. Постојат преку сто различни неоплазматски заболувања, секое класифицирано според типот на клетка кој е афектиран. Канцерот му наштетува на организмот предизвикувајќи најчесто структурни промени со формација на тумори, кои настануваат од неконтролираната делба на клетките во ткивата. Единствено леукемијата е исклучок од ова златно правило, каде постои нарушен крвен проток поради абнормалната делба на клетките во крвотокот. Туморите можат да растат и да интерферираат со дигестивниот, нервниот и циркулаторниот систем и имаат способност да ослободуваат хормони кои лесно ја менуваат функцијата на телото.

Туморите можат да бидат бенигни, оние кои остануваат на местото на настанување и се демонстрирани со ограничен раст, и малигни, канцерогени, способни да метастазираат низ крвниот и лимфниот систем, уништувајќи здрави ткива и способни да создаваат нови крвни садови (ангиогенеза) со цел да се исхрануваат за уште поголем раст. Малигните неоплазми се проблемот на модерната медицина, додека бенигните најчесто се безопасни, во зависност на локализацијата.



Дијагноза

Навременото откривање на канцерот носи огромен придонес во успешноста на третманот. Докторите црпат информации од симптомите и процедури за да ја дијагностицираат болеста. Иниџинг техники како X-зраци, CT, MRI, PET и ултразвучни скенови се користат постојано со главна цел да се открие локализацијата на неоплазмата и нејзиниот афект врз одредените органи. Сепак, апсолутниот начин за дијагноза на канцер е екстрахирањето на клетки и нивна микроскопска анализа, процедура наречена биопсија.

За дијагнозата се од есенцијално значење и молекуларните дијагностички тестови со кои се испитува шеќерот, мастите, протеините и ДНК на молекуларно ниво. Откако дијагнозата е направена, докторите ја гледаат раширеноста на метастазите и го детерминираат степенот на болеста и според тоа ги дискутираат можностите за лекување заедно со пациентот.
Најчестиот метод на во дијагностиката е TNM – системот. Т (1-4) го прикажува степенот на раст на примарниот тумор, N (0-3) го прикажува стеоенот на инвазија на лимфните садови и М (0-1) ја прикажува метастазата во другите органи. Описот на TNM води до поедноставена категоризација во стадиуми, од 0-4, каде пониските броеви индицираат мало ширење на неоплазмата. Најчесто стадиум 1 туморите се излечливи, а стадиум 4 се неоперативни.

Кога станува збор за симптомите за рак, есенцијално е да се потенцира дека постојат широки варијации кои настануваат поради различната локализација, местото на ширење и самата големина на туморот. Некои канцери можат да бидат забележени преку самата кожа, додека останатите прикажуваат симптоми помалку каракеристични. Симптомите се распознатливи според афектирањето на болеста врз одредените органи. Канцер клетките ја користат енергијата на телото и интерферираат со нормалната хормонална функција, па затоа е можно да манифестираат симптоми како треска, тремор, екцесивно потење, анемија и необјасливо губење на тежина. Како што канцерот метастазира, така симптомите се прикажуваат во новата афектирана ареа. Потечени лимфни јазли се чести и претставуваат почетен знак кога канцерот започнува да се шири.



Лекување

Лекувањето на ракот зависи од типот на неоплазмата, од стадиумот, возраста на пациентот, здраствениот статус и адиционални персонални карактеристики. Не постои единствен тип на лекување и пациентите често се третираат со комбинација на терапии и палијативна нега. Најчестите третмани спаѓаат во хирургијата, радијација, хемотерапија, имунотерапија, хормонска терапија или генска терапија.



Превенција

Правилниот животен стил е дефинитивно најдобра превенција на канцерот. Изборот да не се пуши тутун, пие алкохол, да се користи заштитен крем и да се избегнува силното сонце, правилна исхрана сиромашна со масти, а богата со овошје, зеленчук и јаткасти плодови, вежбање редовно се златните правила во превенцијата. Редовните систематски прегледи, самопрегледување на гради и тестиси, мамограм и Pap-тестовите на одреден период се добра превентивна метода која треба да ја применува секој. Вакцинацијата е исто така асоцирана со превенција на некои типови канцери, како на пример вакцинација на хуманиот папилома вирус, за превенција на цервикален канцер, вакцинација на хепатитис Б вирусот, за превенција на хепатален карцином.

>