Документи на ЕМСА

Управувањето со ЕМСА Македонија е регулирано со Статутот и Внатрешните Правила на ЕМСА Македонија, кои што се официјалните документи каде се содржани сите информации потребни за правилно функционирање на асоцијацијата.

Статут

Статутот на ЕМСА Македонија има за цел регулирање на општото управување и структурата на здруженијаужението. Статутот на ЕМСА Македонија претставува правна основа на Здружението. Во него по членови се содржани правилата по кои се раководи организацијата пропишани според законот за здруженија.


Модификации на Статутот За секоја промена на Статутот на ЕМСА Македонија е потребно двотретинско мнозинство од делегатите на собранието.

Внатрешни Правила на ЕМСА

Внатрешни правила на организацијата се правила кои ги создава самата организиција по кои таа се раководи и кои се засновани на Статутот на организацијата, изгласани и одобрени на Редовно собрание со дботретинско мнозинство. Внатрешните правила содржат општи начела за истата, цели и задачи на здружението, начин на членување, структура и уредување, специфични функции и задачи, комисии, собрание, финансии и надеворешни релации.


Внатрешните правила на ЕМСА Македонија, еднаш одобрени од Генерално или Редовно Собрание, не може да бидат променети или модифицирани на било кој начин до следното Генерално, Редовно или Вонредно Собрание.

Собрание

Собранието е највисок орган на здружението и го сочинуваат 31 избран делегат. Собранието е претставнички орган на членовите на ЕМСА Македонија и носител на законодавната власт. Делегатите се избираат на избори со тајно гласање на Генерално Собрание.


Право за да се биде делегат има секој член на ЕМСА Македонија кој има најмалку 1 година активно членство во ЕМСА Македонија. Мандатот на делегатите трае една година и тие не можат да бидат отповикани. На чело на Собранието стои претседател, заменик претседател и записничар. ЕМСА Македонија полноправно одлучува ако се присутни повеке од една половина од вкупниот број членови. Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутниот број на членови.


Работата на Собранието се уредува со внатрешните правила на ЕМСА Македонија. Во надлежност на Собранието е следново: Го донесува Статуот и Внатрешните правила на ЕМСА Македонија и врши измени и дополнување во истите.

Собрание

Собранието е највисок орган на организацијата и го сочинуваат 31 избрани претставници. Пратениците се избираат на избори со тајно гласање на генералмо собрание. Право да биде избран за пратеник има секој полноправен член на ЕМСА Македонија. Мандатот на пратениците трае една година и тие не можат да бидат отповикани.

Извршен координативен тим

ИКТ на ЕМСА Макединија, е извршно и координативно тело кое ја има задачата да ги управува и менаџира постојните проекти, акции и настани, како и започнување на нови проекти. ИКТ е исто така задолжен за секојдневното функционирање на организацијата како и столбовите на ЕМСА. ИКТ на ЕМСА Македонија е составен од 11 члена.

17 Години ЕМСА Македонија

На 13 Декември 2000 година, група на студенти со визија за подобра медицинска едукација и наука, ја формираа ЕМСА за првпат во Македонија. На основачкото собрание се одлучи дека оваа организација мора да постои на Медицинскиот Факултет во Скопје. Денес 17 години подоцна, горди сме со 20 постојани проекти и голем број на соработки со домашни и интернационални огранизации.

Соработки

ЕМСА во секој момент е подготвена да оствари соработка со било која студентска или невладина непрофитна организација, како и фирми, здруженија или поединци. Неколку од веќе постоечките соработки и партнерства на кој се гордееме се: EPSA, Борка, Секој Студент, Нефрон, Центарот за фамилијарна медицина, Да Научиме, LinkAcross.

Официјани Документи

Статусот и внатрешните правила на ЕМСА Македонија се главните официјални документи, според кој се водиме додека работиме и во кој јасно се објанети и разграничени сите легално прави одговорности на сите членови на ИКТ.

Социјални Мрежи

ЕМСА Македонија секогаш се труди да биде во чекор со технологијата и времето, а бидејки и самите ние сме студенти, многу добро знаеме што значи да се биде социјален. Имаме две официјални групи на Facebook, како и три fan pages и еден профил, потоа Twitter, YouTube канал и еден профил на Google+.

Тимот на ЕМСА

Запознајте го нашиот тим

Тамара Ангеловска

President


tamaraangelovska96@gmail.com


(+389) 078 / 439 - 956

Христина Илиевска

Vice president of Internal Affairs


ilievska77@yahoo.com

Андреј Јорданов

Vice president of External Affairs


ajordanov48@gmail.com

Вања Китанова

Fundraising Officer


vanja.kitanova@gmail.com


Наташа Букреска

Secretary General and Treasurer


natashabukreska@yahoo.com

Елена Влашева

Europen Integration and Culture Director


vlashevae@gmail.com

Камелија Јаневска

Ethic and Public Health Director


kamelija.janevska@gmail.com

Дијана Мицевска

Medical Educations Director


micevska.diana@live.com

Моника Шапков

Medical Science and Research Director


sapkovmoni@gmail.com

Нина Гаврилова

Marketing Director


gavrilova938@gmail.com

Коста Дохчев

Public Relations and H.R. Officer


dohcev.kosta@yahoo.com